
За Тоше
Спортска Психологија
Овој проект се заснова на тесно поврзана соработка помеѓу Тоше Зафиров и Меѓународниот Славјански Универзитет.
Составен од тим докажани професионалци кои ќе ви овозможат да стекнете непроценливо теоретско и практично знаење, како и можност да навлезете во јадрото на менталното здравје и социјалните вештини.
Изградете солидна основа за вашиот иден живот и професионален развој преку истражување во психологијата и многу други дисциплини кои ќе ја прошират вашата перспектива.
#мотивација
Понекогаш подоцна станува никогаш. Направете го тоа сега.
ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ
Што ќе научите во спортската психологија?
Когнитивни перформанси
Зголемување на когнитивните перформанси. Главниот фокус е на механизмите за тоа како учиме, како се сеќаваме, како решаваме проблеми и обрнуваме внимание.
Вештини за справување
Вештините за справување со разни назадувања се алатки и техники што можете да ги користите за да ви помогнат да ги надминете тешките емоции, да го намалите стресот и да воспоставите или одржувате чувство на внатрешен мир.
Комуникациски вештини
Развивање на комуникациски вештини. Да се биде во состојба ефективно да комуницира е можеби најважната од сите животни вештини.
Комфор-зона
Пронаоѓање на комфор зоната на спортистите. За да преминете на ново ниво во вашиот живот, мора да ја пробиете зоната на удобност и да правите работи што навидум не се пријатни.
ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?
Што е тоа спортска психологија?
Крајниот степен на индивидуалното самореализирање е постигнување на замислените или поставените цели.
Модерните времиња ни даваат многу можности за само-раст, што ги зголемува нашите предизвици.
За да можеме да се справиме со тие предизвици, ни треба водство низ огромното количество на информации со кои сме "бомбардирани."
Спортската психологија е тука за да обезбеди насоки и методи за таа цел.
Исто така, спортската психологија е поврзана со подобрување на перформансите и менталните вештини, како и надминување на поставените имагинарни ограничувања.

Мисија - Да ги комбинира Спортот и Психологијата
Меѓународен Славјански Универзитет

Мисијата на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“ е да биде регионален центар на значајни академски и културни случувања. Универзитетот овозможува пријатно, фер и транспарентно опкружување кое нуди висококвалитетно и достапно образование, со цел да ги обедини идеите од целиот свет.
Притоа, Универзитетот:
- Е регионален центар на значајни академски и културни случувања
- Е академско опкружување кое нуди извонредно и достапно високо образование
- Се стреми кон пријатен, фер и транспарентен процес на студирање
- Овозможува оригинален модел на студирање со активно менторство што обединува идеи од целиот свет
- Е средина каде што се негуваат културата, слободата на говорот и креативноста
- Настојува да инспирира промени, истражувања и иновации
- Е општествено одговорна институција која се стреми да обезбеди еднакви права за секого
Се стреми да воспостави комуникација помеѓу Источните и Западните култури со цел да се постигнат високи академски стандарди, да се воведе квалитетна настава и работа преку поврзување на теоријата со праксата.

ПРИСУСТВУВАЈ
Спортска Психологија

#зајакнување
Ќе биде тешко, но тоа не значи невозможно.

Крајната Цел
Мисијата зад спортската психологија
Спортската психологија е развиена со само една цел.
Идејата зад оваа академија е да ги мотивира луѓето и да ги научи да веруваат во себе.
Ние веруваме дека секоја индивидуа може да го достигне телото од своите соништа ако е опкружена со професионален тим кој и ја дава целата своја поддршка за да ги постигне посакуваните резултати.
Спортската психологија е локален бизнис. Моментално сме лоцирани во Скопје, Македонија.
За повеќе информации, слободно контактирајте не во секое време на [email protected]
За Повеќе Информации
Категорија на Блогови за Спортска Психологија

Продавница
Голема распродажба

За Повеќе Информации
Најновите објави
Проверете го Нашиот
Најпопуларниот план за исхрана

Detox Исхрана - Нашиот бестселер
$60.00
Откријте
Најпопуларни категории на блогот
За Повеќе Информации
Најпопуларни Страници
НАШИТЕ СОРАБОТНИЦИ
Гордо партнерство со
Дали сакате да се придружите на клубот?
Ве молиме контактирајте не за повеќе информации за како да станете наш поддржувач!